top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба за архитектонско решение за нов студентски кампус во Центар Јадро

Вечерва, (6 март), во 20 часот, во КСП Центар Јадро се отвара изложбата „Архитектонско и урбанистичко решение за нов студентски кампус“ на Архитектонското (интегративно) студио 9, при Архитектонски факултет – Скопје.

-Во процесот на транзицијата, после осамостојувањето на Р. Македонија, голем број делови и урбани единици во градот Скопје останаа плански и просторно недефинирани. Една од тие урбани целини е т.н. блок на „Судската палата 1“, во кој се наоѓаат најзначајните јавни објекти од национален и општествен стандард во градот Скопје. Преку програмско и просторно истражување во предметната област, проектната задача претпоставува „иден модел“ на студентско домување и учење како дел од кампусот на УКИМ а воедно и просторно дооформување на урбаниот блок „Судска палата 1“. Студентите ги анализираа веќе постоечките студентски капацитети во Скопје на програмско и типоморфолошко ниво. Преку препознавање на генеричките обрасци на постоечките објекти, анализата имаше за цел воспоставување метода на трансфигурација, трансформација и транскрипција во нови типолошки конфигурации. Предложените архитектонски решенија во студиото истакнаа неколку аспекти за важноста на локацијата: присуството на јавна општествена институција во централното подрачје на градот Скопје, студентите како идна интелектуална елита на државата се корисници на објектот и високиот стандард на времено домување во објектот изразен преку содржините кои тие ги акомодираат, се посочува во обрзаложението кон изложбата која ќе биде отворена до 10 март.


1 view

Opmerkingen


bottom of page