top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба „Геолошки пресек 2“ – инсталација од Давид Атанасоски во Прилеп

Updated: Apr 12, 2022

08.04.2022 April Petok

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп љубителите на уметноста од денеска па во наредните две недели ќе можат да ја разгледаат изложбата-инсталација „Геолошки пресек 2“ од прилепскиот уметник Давид Атанасоски. Идејата за реализација на инсталацијата, вели уметникот, се надоврзува на претходните и негови зложби во кои рециклирањето има примарно значење.

– Се работи за ѕидна инсталација од отпадни дрва. Имено, дрвените штици ја сочинуваат основата на автономната и интегрирана структура. Строгиот распоред на композицијата, односно стратигафската систематизација и паралелизација на дрвените штици кои ја сочинуваат инсталацијата, ја потенцираат и нејзината архитектонска концепција. Инспирирана е од примарните архитектонски конструктивни елементи, од природната стратиграфија и слоевитост на земјата и севкупната историја, книжевност и наука на човештвото. Вертикално испратените објекти се прилагодливи во релација со урбани и архитектонски затворени простори – објаснува авторот.

Атанасоски досега реализирал самостојни и групни изложби во Прилеп и низ Македонија, а бил дел од ликовни колонии. Ка.М.


1 view

Comments


bottom of page