top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба во Прилеп: „Материјалот и формата“ од Славчо Павлоски

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечер ќе биде отворена изложбата „Материјалот и формата“ од уметникот Славчо Павлоски. Павлоски првпат во родниот град, Прилеп, има своја самостојна изложба и првпат самостојно изложба како вајар. На прилепската ликовна публика ќе ѝ понуди 15 дела изработени во мермер и дрво. Изложбата е поддржана од Министерството за култура.

„Целта на овие сериски дела е да ја истражам меката и тврдата форма во мермерот и дрвото. Овие два материјали, иако нивната форма е слична, на скулптурата ѝ даваат различен визуелен ефект. Мермерот како поцврст материјал и како помалку шарен од дрвото, подобро ги истакнува меките прекршувања, а дрвото пак, со неговите шари и даги, додава една друга визуализација, која ја разигрува формата и го оживува тој ефект“, вели Павлоски.



1 view

Comments


bottom of page