top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба во Прилеп: Бојата на небото и водите во Тиквешијата од Темков


Во ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп на 17 јуни во 12 часот ќе биде отворена изложба на дела од м-р Владимир Темков. Уметникот пред прилепчани ќе се претстави со 20 дела од циклусот „Бојата на небото и водите во Тиквешијата“.

Владимир Темков е роден во Кавадарци. Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности завршува во Скопје, каде што и магистрира. Реализирал бројни самостојни изложби во земјата и во странство, а бил дел и од голем број групни претставувања.

6 views

Comments


bottom of page