top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба “Pandemic lovers“ на Манева-Чупоска во Нови Сад

21.10.2021 Oktomvri Cetvrtok

Изложбата „Љубовници во пандемија“ на македонската уметница Јана Манева –Чупоска на 22 октомври во 19 часот ќе биде отворена во Националниот музеј на Војводина во Нови Сад – Република Србија.

Изложбата се состои од четириесет дела, цртежи и колажи изработени во комбинирана техника: молив, јаглен, акрил и темпера.

Авторката е инспирирана од актуелната состојба со пандемијата на корона вирусот што во негативна насока целосно го промени начинот на животот кај луѓето. Насловот има алегорична конотација и алудира на надежта и потреба за враќање на животот во нормална насока.

Преку фигуративните композициски ликовни претстави, ликовната уметница Јана Манева – Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во времето на корона кризата. Таа љубовта ја нагласува како ликовен симбол кој во овие дела дава надеж дека сепак љубовта ќе го спаси човештвото.

Изложбата која минатата година беше поставена во Националниот музеј во Херсон – Украина, е финансирана од Министерството за култура на РС Македонија како проект од национален интерес во ликовната дејност за 2021 година.


1 view

Comments


bottom of page