top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба: „Folded“ – фотографии на Зоран Шекеров

17.02.2021 februari sreda

„Folded“ е наслов на изложбата на младиот фотограф Зоран Шекеров, која од страна на „PrivatePrint Studio“ ќе биде отворена за посетители од 17 февруари до 9 април 2021 година. Заинтересираните ќе можат да ја посетат во средите и петоците од 12 до 18 часот, со претходна најава на info@privateprint.mk или во порака на Фејсбук.

Изложбата се надоврзува на истоимениот истражувачки документарен проект на авторот срочен во фото книга во издание на „PrivatePrint“. На изложба, покрај мал дел фотографии од книгата, се претставени и фотографии кои не се дел од книгата, со намера да се претстави работниот метод на Шекеров.

Шекеров (1992) има работено на проектот „Folded” околу две години. Во тоа време тој од близу фотографирал повеќе пеливански натпревари и воспоставил блиска комуникација со неколкумина од борачите, вградувајќи ја таа доверба директно во фотографиите. Токму тој негов сензибилитет при пристапувањето на темата со која работи го одликува и го издвојува како фотограф.

Неговата практика е насочена кон долгорочни документарни истражувања, коишто ја проучуваат човековата состојба во одреден социо-политички контекст, допирајќи ги и темите на идентитетот. Тој ги преиспитува термините како патриотизам и носталгија, имајќи ја на ум врската помеѓу живата историја и сентименталноста.


6 views

Comentários


bottom of page