top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изложба “1000 години Бигорски манастир“ во Музејот на македонската борба

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје поставена е изложбата “1000 години Бигорски манастир“.

Реализирана во соработка со Бигорскиот манастир и Ансамблот Македонија, изложбата дава пресек на духовното и материјално богатство на манастирот во неговата богата историја од илјада години постоење.

Дел од изложените материјали се и осум олтарни, две чудотворни, две тронски икони, Кивот од капакот на моштите, како и особено драгоцени и вредни предмети од XVIII, XIX и XX век – Митра, Игуменски крст, Епетрахил, Жезол, Рипиди со Серафими…

Изложбата е отворена за сите посетители од 19 до 28 ноември 2021 година согласно актуелните мерки и протоколи за зашитита од Ковид, а влезот е слободен.


1 view

Comments


bottom of page