top of page

Излезе „трејлерот“ од толку очекуваниот документарец за Ѓоковиќ: Ќе видите работи кои не сте ги виделе (Видео)

14.07.2026 juli Vtornik

Новак Ѓоковиќ со години наназад го подготвуваше проектот наречен „докуменатарен филм“, а после низа одложувања и променети дејствија, најуспешниот грен слем шампион со големо задоволство ја најави премиерата на докоментарецот кој ќе се емитува на „Амазон Прајм“.

Српскиот тенисер се одлучи за оваа платформа после неколку неуспешни преговори со други компании, а режисер на филмот е човекот кој имаше потпис и на документарецот во чест на Мајкл Џордан, познатиот Џејсон Хехир.

Ова попладне беше објавен и првиот трејлер кој е најава за филмот кој ќе биде првично емитуван на 20-ти август, а во документарецот ќе бидат прикажани сцени кои не се познати за фановите, но и за целокупната спортска јавност.

– Новак Ѓоковиќ, волкот во зима, – гласи насловот на филмот во кој ќе бидат откриени и доста непознати инсерти од кариерата на 24-кратниот грен слем шампион.

– Тенисот ми даде толку многу, но најголемите битки никогаш не се воделе само на теренот. Овој документарец е за моментите што луѓето не ги гледаат – сомнежите, жртвите и постојаната работа на себе за да станам повеќе од приказната што многумина мислат дека ја знаат. Горд сум што го споделувам овој дел од мојот живот со моето семејство, тимот, пријателите и обожавателите кои беа покрај мене во текот на целата моја кариера.

– Амазон и Џејсон разбраа дека ова никогаш не е само приказна за тенисот, туку за луѓето, вредностите и моментите. Патувањето беше неверојатно – но сè уште не е завршено, – порачува Новак кој трејлерот го започнува со давање големо значење на српскиот збор „инат“.


 
 
 

Comments


bottom of page