Излезе романот „Тишина“ од Јелена Никодиноска Чаповска
Романот „Тишина“ од Јелена Никодиноска Чаповска е новиот наслов што излезе во издание на „Паблишер“. По одличната промоција, која се одржа на 13 јуни, многумина од идните читатели уживаа во разговорот меѓу авторката и уште еден истакнат македонски автор, Ѓоко Здравески, а допрва ќе го доживеат романот, со кој оваа писателка го почнува својот пат во книжевноста.
– „Тишина“ е првиот поголем чекор во литературниот свет за Јелена Никодиноска Чаповска. Претходно има објавено неколку есеи и преводи во книжевното онлајн списание „Блесок“. Особено големо влијание врз нејзината проза имаат оставено студиите на факултетот „Париз III Нова Сорбона“, како и Тексашкиот универзитет во Остин (САД) каде што ги заокружила магистерските студии по англиски јазик и книжевност. Во „Тишина“ се провлекува темата на мајчинството. Преку анализа на комплексните психички состојби на човечката природа што му се случуваат на поединецот по доживеана траума, се отвораат содржини што сè уште се премолчуваат во нашето општество – вели издавачот.
Comments