top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Излезе од печат четвртата книга на Мира Илијоска „Непребол“

28.06.2024 juni petok

Деновиве излезе од печат четвртата книга на кичевската поетеса и прозаистка Мира Илијоска, збирката песни „Непребол“, посветена на нејзиниот прерано починат син. Ова е нејзино четврто книжевно дело откако претходно ја издаде својата прва книга збирката патеписи „Патување низ спомените“ во 1999 година. Во 2018 година ја објави збирката песни „Мојот чекор“ а минатата година и збирката песни, прва за деца, со работен наслов „Жуборливи поточиња“.

Збирката песни „Непребол“ е посветена на нејзиното првородено чедо кое прерано го загубила и на овој начин успеала сета тага, сиот немир и болка да ги пренесе на хартија.

Силата на љубовта ги опишува болките и страдањето, го лечи ранетото срце и душа на една мајка која деновите полни со чемер и испиен пелин во душата ги поминува во молитвата за покој на младата фиданка. За да пишуваш и тагуваш додека во себе го трошиш последниот атом, за тоа треба сила која ја најдов во неговиот лик кој постојано свети во мојата душа. Стиховите плачат и молат но во нив продолжувам да живеам пишувајќи ја вечноста за него, за моето најмило – вели авторката на оваа книга Мира Илијоска, која трогната од ова доживување одлучи четвртиот нејзин труд да не го промовира како што тоа го чинеше со претходните свои книжевни дела, на класичен начин.

Мира Илијоска е родена во Кичево во 1953 година, по вокација е стоматолог, а пишувањето книги е нејзината втора голема љубов. Таа од почетокот на формирањето беше членка на литератутниот клуб „Китка“ од Кичево. Инаку, стихозбирката „Непребол“ е печатена во печатницата „Ирис“ во Струга, а рецензентка на оваа книга e кичевската прозаистка и поетеса Оливера Ширгоска. З.А.


0 views

Komentar


bottom of page