Излезе од печат втората збирка песни на младата поетеса од Кичево, Марија Никодиноска „На крајот од
Излезе од печат втората збирка песни на младата поетеса од Кичево, Марија Никодиноска „На крајот од патот“Денес излезе од печат втората книга на младата поетеса од Кичево, Марија Никодиноска со работен наслов „На крајот од патот“.
Новата поетска книга содржи песни во кои лајт мотивот се загубата на нејзините родители, а поседува и други видови песни како љубовни и песни од секојдневниот живот.
– Можам со задоволство да ви соопштам дека од печат излезе мојата втора збирка песни „На крајот од патот“. На 90 страници поместени се стотина песни во кои лајт мотивот првенствено е болката заради загубата на моите родители и токму од тие причини збирката го носи насловот „На крајот од патот“. Ова е моја втора збирка песни, откако пред три години ја издадов првата збирка поезија „Огнени воздишки“. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите оние кои на некој начин го помогнаа издавањето на мојот труд, од издавачката куќа од Битола, до рецензентите, лекторите и сите останати кои се вградија во овој труд – истакна авторката Марија Никодиноска и најави дека планира до крајот на пролетта или почетокот на летото да ја промовира својата најнова книга.
Таа е член и на литературниот клуб„ Китка“од Кичево од неговото формирање.
З.А
Comentários