Излегува стрип во чест на Оливија Њутн-Џон
- Aleksandar Santovski
- Sep 16, 2022
- 1 min read
Стрип што го слави животот на Оливија Њутн-Џон, најпозната по нејзината главна улога во мјузиклот „Брилијантин“ од 1978 година, треба да биде објавен на 21 септември, пет дена пред роденденот на покојната актерка и пејачка.
Њутн-Џон, со британско-австралиско потекло, почина на 8 август. Таа оваа година ќе го прославеше својот 74 роденден. Студиото TidalWave Comics стои зад стрипот од 36 страници во нејзина чест.
Њутн-Џон е родена во Кембриџ, Англија во 1948 година. Таа има освоено четири Греми и многу други награди, вклучувајќи ги и Американските музички награди.
Таа секако е најпозната по улогата во „Брилијантин“, филмската адаптација на истоимениот мјузикл, во кој нејзин партнер беше Џон Траволта.
Кога беше објавен, „Брилијантин“ беше огромен хит и филм со најголема заработка меѓу насловите во тоа време. Во 2018 година, Њутн-Џон и Траволта заедно ја прославија 40-годишнината од филмот.
Истата година, Њутн-Џон објави дека и е дијагностициран рак по трет пат. Наскоро таа стана поборник за медицински канабис.
Издавачот на стрипот за Оливија Њутн-Џон, Дарен Дејвис, рече дека му е чест да работи со актерката на стрипот пред нејзината смрт и дека му била дадена можност да добие увид во „нејзината гледна точка и ексклузивните информаци кои се користени во ова издание“.

Kommentare