Излегоа првите две епизоди од „И едноставно така…“
Првите две епизоди од втората сезона на серијата „И едноставно така…“ од денескa се достапни на платформата „Ејч-би-о макс“. Во ова ново поглавје на револуционерната серија „Сексот и градот“, Кери, Миранда и Шарлот се носат со комплицираната стварност на пријателствата, семејствата и Њујорк во своите 50-ти години.
Во главните улоги ги гледаме Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон, Кристин Дејвис, Сара Рамирез, Сарита Чудхури, Никол Ари Паркер, Карен Питман, Марио Кантоне, Дејвид Ајгенберг, Еван Хендлер, Кристофер Џексон, Најл Канингам, Кети Енг и Алекса Свинтон.
Извршни продуценти и креатори на серијата се Мајкл Патрик Кинг, Џон Мелфи, Џули Ротенберг, Елиза Зурицки, Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон. Сценаристи се Мајкл Патрик Јанг, Саманта Ирби, Сузан Фејлс-Хил, Лукас Фројлих, Рејчел Палмер, Џули Ротенберг и Елиза Зурицки, додека режисери на епизодите се Мајкл Патрик Кинг, Синтија Никсон, Рај Русо-Јанг и Џули Ротенберг.
Comments