Изгубена лебди во вселената: астронаут остана без чантата
Торбата со алатки што ја изгубија астронаутите на НАСА Јасмин Могбели и Лорал О’Хара може да се види во вселената. Могбели и О’Хара ја изгубиле торбата додека правеле поправки во Меѓународната светска станица (ISS) на 1 ноември, објави „Гардијан“. „При поправка е изгубена една торба со алат. Торбата е забележана со помош на надворешни камери, но бидејќи е оценето дека не претставува ризик за станицата, најверојатно ќе остане да лебди во вселената и ќе ротира околу Земјата заедно со станицата“, наведе НАСА. Белата блескава кеса веќе ја забележале астрономите од различни делови на Земјата, бидејќи може да се види дури и со двоглед. Јапонскиот астронаут Сатоши Фурукава ја забележал торбата минатата недела додека летала над планината Фуџи. Објектот ќе остане во орбитата на Земјата неколку месеци, а потоа ќе изгори по повторното влегување во атмосферата.
Commentaires