top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Изгорениот болид на Грожан ќе биде главна ѕвезда на Ф1 изложба

Ромен Грожан успеа да помине без потешки повреди по големиот инцидент на Формула 1 трката во Бахреин во 2020 година, а уништениот болид сега ќе биде дел од најновата изложба организирана од Ф1.

Шасијата од болидот на која е фиксирана и „хало“ заштитата останале во добра состојба и сега ќе бидат претставени пред фановите, од кои најголем дел во еден момент стравуваа за животот на Французинот.

– Шасијата се уште е во еден дел, хало системот е таму, па и покрај оштетувањата од оганот, останува во првичната положба. Веројатно тоа и ми го спаси животот, – вели Грожан како дел од промоцијата на изложбата.

Тогашниот член на Хас ја загуби контролата на болидот уште во првиот круг и заврши во заштитната ограда, по што се појави и пожар од кој за среќа пилотот се извлече со минимални повреди.

36-годишниот Французин сега се натпреварува во ИндиКар серијата.


2 views

Comments


bottom of page