Изведба на „Кавалерија рустикана“ во НОБ
10.02.2021 februari sreda
Националната опера и балет на 12 февруари од 20 часот ќе ја изведе операта во еден чин „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскaњи, а под диригентство на Иван Еминовиќ.
Операта раскажува трагична приказна за љубовен триаголник и за традицијата што се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата. Дејството се случува во едно село во Сицилија, вечерта пред Велигден.
В петок ќе настапат солистите Весна Ѓиновска Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Катерина Стојановска, Соња Пендовска Мадевска, како и хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Билетите се во ограничен број, а настанот ќе се одржи според здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19. За публика влезот ќе биде отворен еден час пред почетокот на оперската претстава.
Comments