top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Избрани победниците на конкурсот за дизајн на корици – „Порта Европа“

Предлог-дизајните на дизајнерите Катерина Соколова, Ивона Јанчевска, Лара Маринковиќ и Андреј Лавчански за шест книжевни дела од европски писатели се избрани за победнички на конкурсот „Порта Европа“ на издавачката куќа „Арс ламина – публикации“.

Според дизајн на Катерина Соколова ќе бидат уредени две корици: за романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен и за „Лекција за месечарот“ на Фредерико Педреира. Две решенија и на 20-годишната Ивона Јанчевска ќе бидат публикувани. Станува збор за корици за романите „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ и „Книга на жалоста (Приказната за Нилс во шумата)“ од Марија Наваро Скарангер. Предлогот на Лара Маринковиќ за корицата на романот „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер и решението на Андреј Лавчански за „Градината од стакло“ од Татјана Цибуљак, исто така ќе бидат дел од оваа едиција. Сите романи вклучени во проектот се добитници на престижната Европска награда за литература.

Целта на проектот „Порта Европа“ е да се создаде книжевна едиција заснована на еколошка заднина што подразбира превод, објавување, дистрибуција и промоција на шест извонредни европски книжевни дела.

Катерина Соколова (1988 г., Кочани) е дипломирана ликовна уметница на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, катедра – сликарство.

Ивона Јанчевска е родена во 2002 година во Куманово. Ова ќе биде нејзин прв професионален ангажман.

Лара Маринковиќ е 24-годишна графичка дизајнерка од Скопје. Дипломирала на Факултетот по уметност и дизајн на Меѓународниот балкански универзитет, каде што добила и признание за најдобар студент.

Андреј Лавчански е роден во 1993 година во Скопје. Високо образование има завршено на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, така што студиите го вовеле во илустрацијата.


3 views

Yorumlar


bottom of page