Идентификувани 29 планети што можеби ги користат вонземјани?!
Идентификувани се 1.715 ѕвездени системи од каде што вонземјаните би можеле да ја откријат Земјата во последните 5.000 години, објави „Гардијан“. Луѓето со векови гледаат во небото и се прашуваат постои ли живот на некоја од ѕвездите, додека замислуваат како мали зелени суштества гледаат во нас, пишува познатиот британски весник. Во најновото истражување, астрономите го стесниле кругот на поблиските ѕвездени системи на кои некој жител на друга планета во галаксијата би можел да ја забележи Земјата. Истражувачите проценуваат дека 29 потенцијално населиви планети се во добра положба да бидат сведоци за транзитот на нашата и да прислушуваат радио и телевизиски преноси, овозможувајќи им да заклучат на кое нивно е интелигенцијата на луѓето, пренесува „Танјуг“. Прашање е дали тоа ќе ги поттикне напредните цивилизации да контактираат со нас? Лиса Калтенегер, професорка по астрономија и директорка на институтот „Карл Саган“ од универзитетот „Корнел“ во Њујорк, изјавила дека еден од начините на кој се пронаоѓаат планети е да се блокираат делови од светлината на ѕвездата домаќин. Досега се откриени илјадници планети надвор од Сончевиот Систем, а кај околу 70 отсто е забележано кога вонземските светови минуваат пред ѕвездата домаќин и блокираат дел од светлината што допира до телескопот на научникот.
Опсерваториите од типот на вселенскиот телескоп НАСА, што ќе биде лансиран оваа година, ќе трагата по знаци на живот на „егзопланетите“, анализирајќи го составот на нивната атмосфера. За да утврдат кои поблиски ѕвездени системи се во добра позиција за набљудување на транзитот на Земјата, Калтенегер и д-р Џеки Факрети, астрофизичар од Американскиот природонаучен музеј, се посветиле на создавање каталог на ѕвезди и на означување на нивната положба и движење и на движењето на европската вселенска агенција „Гаиа“. Оттука се идентификувани 2.034 ѕвездени системи во рок од 326 светлосни години, од каде што би можело да се забележи движењето на Земјата, од пред 5.000 до плус 5.000 години во иднината.
Comments