Играше заедно со Јокиќ во Денвер, сега ќе го носи дресот на Партизан
Актуелниот АБА шампион, Партизан не е претерано активен во овој досегашен преоден рок во кој досега ги обезбеди само услугите на Огњен Јарамаз и Матеуш Понитка, додека нови договори потпишаа Алекса Аврамовиќ, Кевин Пантер, Зек Ледеј и Џејмс Нанели. Меѓутоа повеќе од јасно е дека тоа ќе се промени и српскиот медиуми веќе најавуваат дека „црно-белите“ ќе добијат НБА засилување. Се работи за Пи-Џеј Дозир кој досега има настапувано за Оклахома Сити Тандер, Бостон Селтикс, Денвер Нагетс каде беше сограч со Никола Јокиќ и Сакраменто Кингс. Исто така настапуваше за повеќе тимови во развојната лига, па во таборот на Партизан се надеваат дека тој ќе ја врати најдобрата форма и ќе биде кавлитетно засилување во престојнава кампања. Минатата сезона одигра само 16 натпревари на кои имаше просек од 1,4 поени, 0,9 скока, 0,6 асистенции и 0,4 украдени топки.
Comentários