Играчот кој имаше иста повреда како Ѓоковиќ: Многу веројатно е дека ќе настапи на Вимблдон
19.06.2024 juni Sreda
Тејлор Фриц во блиско минато претрпе неколку тешки порази од Новак Ѓоковиќ, но во изминатите две седмици се претвори во негов најголем сојузник, пред се поради фактот што Американецот мина низ ист пример пред три години.
Фриц имаше идентична повреда како онаа на Ноле во 2021-ва година и се оперираше веднаш по Ролан Гарос, а три седмици подоцна почна да тренира и успеа да настапи на Вимблдон.
Новак Ѓоковиќ се наоѓа пред слична ситуација и засега непознато е дали ќе настапи на англискиот грен слем, но понесен од својот пример и тоа што му го порачал по телефон, Фриц верува дека сепак може да го видиме Ноле во Ол Ингланд клубот.
– Многу веројатно е дека Новак ќе се појави на Вимблдон. Имав ист проблем како него и успеав да се опоравам за три недели. Јас заиграв во Лондон набрзо послее операцијата. Се работи за рутински зафат, многу брзо почнувате да тренирате со полн интензитет. Најголем проблем е отокот и брзината со која тој се повлекува.
– Ноле ми се јави и му кажав какви третмани добивав за време на рехабилитацијата. Јас стигнав навреме и заминав на Вимблдон со цел да минам неколку рунди, знаев дека нема да стигнам далеку. Со Новак, ситуацијата сепак е поинаква. Тој ќе игра само ако е во кондиција да го освои турнирот, а не сум сигурен дали ќе може да направи такво нешто, – вели Фриц.
Comments