top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Играч на Торонто заработи фрактура на лицето од дуелот со Јокиќ

30.10.2024 Oktomvri Sreda

Никола Јокиќ игра брилијантни три натпревари во низа и продолжи онаму кадешто застана минатата сезона, но еден негов дуел на претпоследниот натпревар против Торонто заврши и лошо за неговиот ривал.

Денвер рано утрово го победи тимот на Бруклин, но 24 часа претходно го надигра Торонто во натпревар кој беше решен по одиграно продолжение.

Јокиќ постигна 40 поени на тој меч , а истиот ќе го памети и Скоти Барнс кој ќе паузира од паркетите извесен период.

Играчот на Торонто заработил скршеница на јаболчницата од ударот со лакт кој го доби од Јокиќ, па Торонто денеска извести дека тој ќе мора да паузира најмалку три седмици, пред повторно да биде прегледан од лекарите.

Инцидентот се случи при еден офанзивен скок на Србинот, по што веднаш стана јасно дека Барнс нема да може да го доигра мечот.


0 views

Comments


bottom of page