top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Играч на Баерн предзивика политички скандал во Германија

Крвавата пресметка меѓу Израел и Палестина одзема илјадници животи и настрадаа многу невини лица, па грозоморните сцени кои се проследуваат преку социјалните мрежи се почесто изнудуваат реакции и од спортистите.

Иако политиката не е нивен главен фокус, дел од фудбалерите одлучуваат да го искажат своето мислење, а по Карим Бензема, огромни критики сега добива и Нусаир Мазрауи.

Десниот бек на Баерн Минхен застана на страна на Палестинци и го осуди крвопролевањето кое засилено го форсира Израел, па еден германски политичар побара и протерување на Мароканецот од Германија.

– Навистина е големо разочарување што морам да се објаснувам за своите убедувања. Токму тоа доведе до ситуација да бидат убиени илјадници невини луѓе. Мојот став е да се дојде до мир, да има правда во светот. Јас сум против сите облици на тероризма, омраза и насилство. Во овој страшен немир умираат невини луѓе, сите треба да бидеме на иста страна и да зборуваме за тоа, – се дообјасни денеска Мазрауи, кој беше нападнат од германскиот пратеник, Јоханес Штеинигер.

– Драги претставници на Баерн, ве молам веднаш да го исфрлите Мазрауи од клубот. Не само тоа, државните треба да ги искористат сите средства за да го протераат од Германија, – гласи ставот на политичарот.


2 views

Commentaires


bottom of page