Играч на Арсенал побарал да си замине откако беше изоставен од дербито со Јунајтед
- Aleksandar Santovski
- Aug 19
- 1 min read
19.08.2025 Avgust Vtornik
Арсенал не одигра најдобар натпревар, но сепак успеа да победи на гостувањето на „Олд Трафорд“, и тоа во услови кои не беа воопшто лесни за избраниците на Микел Артета.
Мотивираните избраници на Рубен Аморим се покажаа во далеку подобро светло од лани и најавија подобри денови за фановите на Јунајтед, но Арсенал успеа да поведе од прекин, а потоа грчевито се бранеше и успеа да ја задржи минималната предност.
Артета на овој натпревар им даде шанса на летните засилувања Ѓекереш и Зубименди во стартната постава, но со некои свои одлуки, испрати и јасни сигнали до играчи кои ќе имаат помала минутажа.
Јакуб Кивиор покажа добри перфоманси на крајот на минатата сезона, но во ситуација кога Габриел и Салиба се повторно фит, тој сега не е ниту трет избор поради ангажманот на Москера.
Поради тоа, Кивиор вчера не беше во комбинација за настап за дербито, а денеска англиските и португалските медиуми информираат дека тој побарал трансфер до крајот на преодниот рок.
Дефанзивецот очигледно е свесен дека има најмалку тројца играчи кои се пред него за иста позиција, па во овој момент, се поизвесно е дека Порто е клуб кој е во пол позиција за негов ангажман.






Comments