top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Игор Џамбазов се прости од Мето Јовановски: Бев во облаци на нашата прва заедничка претстава

Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов се прости од својот колега Мето Јовановски, кој почина денеска на 77-годишна возраст.Во емотивната објава на Инстаграм, Џамбазов се присети на нивната прва заедничка претстава, „Смртта на Дантон“, на сцената на Драмскиот театар во осумдесеттите години на минатиот век.„Драг мој Методија,

Се сеќавам на нашата прва заедничка претстава. ‘Смртта на Дантон’, Драмски театар, осумдесет и некоја. Ти беше Робеспјер, а јас бев Сен-Жист.

И плус бев во облаци. Јас, мочкото од Козле, на иста сцена со тебе. Како во совршен сон. За тие неколку недели на пробите научив повеќе за глумата, отколку на сите часови на академијата. Ти и не беше свесен колку мене ми значеше сето тоа…

‘Збогум сега за миг, и до скоро видување…’

Почивај во мир“, напиша Џамбазов на својот инстаграм-профил.



0 views

Comments


bottom of page