top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Игор Џамбазов го слави 61. роденден: „Кога мајка ми Анче ме испорачала на овој свет, татко ми Џамбаз не се отрезнил три дена“

15.07.2024 juli Ponedelnik

Македонскиот актер и шоумен денеска, на 15 јули, има повод за славење. Нашиот Игор Џамбазов го слави својот 61. роденден.

Во негов стил, тој уште на полноќ го одбележа својот роденден со интересна приказна и објава на социјалните мрежи, на која е напишан бројот 61.

Фото: Принтскрин / Инстаграм„На денешен ден, пред точно 61 година мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол премногу околу тоа, ама татко ми Џамбаз не се отрезнил три дена. Другото е историја… и по малку театар и музика“, напиша Џамбазов во описот.

Игор доби бројни честитки од следбениците, пријателите, но и од колегите од јавниот живот.


Најпознатиот македонски шоумен денес има повод за славење. Игор Џамбазов слави роденден и полни 61 година.

Џамбазов е македонски глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец.

„На денешен ден, пред точно 61 година мајка ми Анче ме испорачала на овој свет.

Светот не се потресол баш премногу околу тоа, ама татко ми Џамбаз не се отрезнил три дена. Другото е историја...и по малку театар и музика.“- напиша Џамбазов на Инстаграм.


Под објавата се наредија честитки и пораки од многу познати личности.

Џамбазов е роден во Скопје во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а како внук на истакнатиот глумец Петре Прличко. Што се однесува до почетоците во глумата, неговата првична професија, Игор Џамбазов со глума почнал да се занимава на шестгодишна возраст кога глумел во филмот „Македонскиот дел од пеколот“, во режија на Ватрослав Мимица. Во текот на детството, во тинејџерскиот период, па сè до запишувањето на Академијата за драмски уметности, тој е присутен во различни емисии и серии. Значајна улога во овој период е улогата на Трајче во филмот кој се заснова на истоимената книга „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески. Во филмот ја играл главната улога заедно со легендарниот глумец Ристо Шишков.


По дипломирањето на Академијата за драмски уметности во класата на проф. Вукан Диневски, се вработува во Драмски театар - Скопје, а подоцна преминува во МНТ. Одреден период тој ја имал можностa да глуми во МНТ додека во него сѐ уште глумеле неговата мајка Анче Џамбазова и неговиот дедо Петре Прличко. Во 1996 година играл во филмот „Добредојдовте во Сараево“ (“Welcome to Saraevo”) во режија на Мајкл Винтерботом. Се снимал во Сараево за време на војната, па во Сплит и две недели во Лондон. Ликот што го толкувал бил меѓу првите десет важни лика. Во филмот се појавиле Вуди Харелсон, Мариса Томеи, Горан Вишниќ, Стивен Дилен и други. Премиерата била на Канскиот фестивал.

Во 2014 година се преселил во селото Слепче, Демирхисарско, а од крајот на 2018 година, живее во селото Сретеново, во општина Дојран.

После одредено време тој прекинува да глуми во Македонскиот народен театар, но во 2016 се враќа на сцената со претставата „Брачна игра“ во режија на Тони Михајловски и според текст на Едвард Олби. Во неа, Весна Петрушевска и Игор Џамбазов, ги играат главните ликови, брачниот пар Џилијан и Џек. Во 2017 година пак го игра главниот лик Мишел Радински во „Говорна мана“ во режија на Драгана Милошевски-Попова, според текст на познатиот српски театарски и филмски режисер Горан Марковиќ.


2 views

Opmerkingen


bottom of page