Игор Радев со предавање за „Класичниот кинески поет како дејствувачко лице на историјата“ во ДПМ
14.10.2024 Oktomvri Ponedelnik
Предавање на тема „Класичниот кинески поет како дејствувачко лице на историјата“ ќе одржи денес синологот Игор Радев, во Друштвото на писателите на Македонија со почеток во 19 часот.– Првиот именуван поет на европската култура е Хомер, слепиот бард, кој пее за војни, јунаци, градови и држави, но не учествува во нив: токму физичкиот хендикеп – слепоста, небаре служи како симбол за неговата одвоеност од историската пракса. Од друга страна, првиот именуван поет во кинеската традиција Чју Јуен (343-278 пр. н.е.) е висок службеник на својата држава, активен политичар и воено-дипломатски стратег, за кого поезијата претставува и еден вид призма, низ која се прекршува државничката дејност – стои во објавата на настанот.
Плакат
Како и поетското читање „Вечер со Руми“, кое се одржа на 30-ти септември, и предавањето на Радев ќе биде од отворен карактер што овозможува активностите на Друштвото на писателите на Македонија да се доближат до јавноста, преку организирање поетски читања и предавања што го уважуваат и го приближуваат древното книжевно и културно наследство од светот.
Comments