top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Игор Иванов – Изи реизбран за претседател на ДФРМ

На вчерашното редовно изборно Собрание по четиригодишниот мандат како претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија, со големо мнозинство гласови беше реизбран Игор Иванов – Изи.

На Собранието беа усвоени и извештаите на: Симеон Мони Дамевски за ИФФК „Браќа Манаки“, Томи Салковски за „Златна Рамка“ – Ревија на македонски филм и на Иван Ивановски за „50 години македонски анимиран филм“.

„Игор Иванов – Изи ќе го предводи Друштвото на филмски работници во наредните четири години. Во овој мандат, фокусот ќе биде ставен на зголемувањето на националниот буџет за филм и други аудиовизуелни дела, донесување на нов закон за филмска дејност и конечно решавање на статусот на филмските работници“, посочуваат од ДФРМ.


1 view

Comments


bottom of page