top of page

Ивановски успешно ги мина квалификациите на челинџерот во Братислава

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски обезбеди пласман во главната фаза на челинџер турнирот во Братислава (Словачка).

Ивановски денеска беше подобар од вториот носител Мате Малкуш од Унгарија кој е на 214 место на АТП листата. Нашиот најдобар рекет славеше со 2-0 во сетови по скоро еден ипол час игра и тоа со 6-3 и 7-5.

Во првата квалификациски рунда Калин беше подобар од Петер Над.

Прв ривал на Ивановски во главната фаза на турнирот ќе биде ветеранот Петер Гојовчик кој своевремено беше 39 тенисер на светот.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page