top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ивановски: Трчав повреден од шестиот километар, го дадов максимумот Олимписки игри Парис Франција 2024 фото и видео

12.08.2024 Аvgust Ponedelnik

Објавата е од 10.08.2024 Август Сабота

Атлетичарот Дарио Ивановски денеска во Париз испиша историја и стана првиот македонски маратонец во историјата на олимписките игри.

Ивановски го освои 69 место, заостанувајќи 21: 49 секунди зад олимпискиот победник, а причината која го спречи да оствари многу подобар пласман е повреда на коленото во воведниот дел од трката.

Ивановски во изјава по завршувањето на маратон изрази благодарност за поддршката, истакнувајќи оти го даде максимумот трчајќи со повредено колено.

– Почитувани Македонци, пред сè сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка која ја имав во текот на овој маратон, но и пред оваа трка. Кога еден маратон ќе се заврши, тогаш се вели дека се завршил успешно. Да му се заблагодарам на Бог што влегов во маратонот жив и здрав, но сепак имав мала повреда на стапалото и коленото која ја влечев од шестиот километар – рече Ивановски.

Тој рече дека повредата сепак го спречила да го одржи темпото кое го наметнал од самиот старт.

– Тоа ме оневозможи да го одржам темпото кое го наметнавме на стартот. Од петтиот кон шестиот километар почнав да ја влечам ногата и почнав да се мачам, но тоа е што е. Го дадов максимумот. Сега следи период на закрепнување и фокус кон следните цели. Можеби сите, вклучувајќи ме и мене, имавме поголеми очекувања. Јас верував дека можам подобро и сè уште верувам во тоа. По времето 2:08 кое е мое најдобро и 2:28 денеска ќе се заклучи дека ми се случувало нешто на трката, а можам да кажам дека бев и подобро подготвен според тренинзите кои ги имав пред Париз. Се надевам дека на следната трка и на следните предизвици ќе го видите стариот Дарио, дури и подобар од тоа што бев. Се гледаме во наредни предизвици, ве сакам сите – порача македонскиот маратонец Ивановски.




2 views

Comments


bottom of page