top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ивановски тргна со победа во Австрија, Ѓорческа запрена во Италија

Најдобриот македонски тенисер, моментно, Калин Ивановски, се пласираше во осминафиналето на фјучерс-турнирот, во Котингбрун, Австрија. Тој во првото коло го совлада Италијанецот Фаусто Табачо со 4-6, 6-3 и 6-3 по сетови.

Следен противник на македонскиот тенисер ќе биде Италијанецот Андреа Гуериери.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, пак, загуби во првото коло на турнирот во италијански Коденонс, што се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Македонската тенисерка загуби во три сета (2-6, 6-4 и 3-6) од седмата носителка Катарина Герлах од Германија.

Ѓорческа немаше многу време за одмор по одличниот настап на фјучерс-турнирот во чешки Оломуц, што се чини дека беше пресудно за поразот.


1 view

Comments


bottom of page