Ивановски тргна победнички во Мадрид, Србљак сигурен на стартот во Златибор
Македонските тенисери, Калин Ивановски и Горазд Србљак имаа победнички старт на фјучерсите во Мадрид и Златибор.
Ивановски го победи домашниот рекет Микел Мартинез со 2-0 во сетови (6-4, 6-2) на турнирот во Шпанија кој се игра за награден фонд од 25.000 долари. И вториот противник за младиот Калин ќе биде Шпанец и тоа седмиот носител Џон Ечеверија.
Исто така треба да се потенција дека нашиот ас се натпреварува и во двојки каде за партнер го има Алекси Лофман од Финска.
Србљак пак во Златибор беше подобар од Ромео Хаџимехмедовиќ со 6-4 и 6-1. Дуелот на вториот терен траеше нешто повеќе од еден час, меч во кој Горазд покажа далеку повеќе и избори можен меч со вториот носител Илја Снитари од Молдавија.
На овој турнир настап имаше и Обрад Марковски кој по голема борба загуби од 4. носител Дује Кекез со 2-1 во сетови.
Comentários