Ивановски со успешен старт во Франција, Ѓорческа загуби на стартот во Казахстан
- Aleksandar Santovski
- Mar 9, 2023
- 1 min read
Калин Ивановски имаше успешен старт на фјучерс турнирот кој се игра во Франција, Кретеј, откако во воведната рунда најде решение за рускиот тенисер Кирил Кивацев.
Најдобриот македонски играч го загуби првиот сет со 6:2, но успеа да се консолидира и возврати во вториот со 6:4, а потоа имаше вистинска драма во одлучувачкиот сет.
Ивановски имаше повеќе нерви и знаење во тајбрејкот и успеа да слави со 7:3 во 13-от гејм, со што го потврди пласманот во наредната рунда во Кретеј.
За разлика од Ивановски, нашата најдобра тенисерка немаше посакуван старт на турнирот во Астана, каде се збогува уште во првата фаза.
Лина Ѓорческа доживеа елиминација во Казахстан, каде денеска загуби од осмата носителка на турнирот, Нигина Абдураимова со резултат 2:6, 6:2 и 6:4.

댓글