Ивановски со одличен пресврт до ново четвртфинале во Франција
Калин Ивановски остана на француско тло откако играше во четвртфиналето на турнирот во Кретеј, но идентично како и таму, и сега ќе игра во оваа рунда на турнирот во Поатје.
Најдобриот македонски тенисер се пласираше во топ осум на овој француски турнир кој се игра во сала на тврда подлога, откако денеска имаше решение за домашниот претставник Александре Реко.
Ивановски отвори лошо и го загуби првиот сет со 6:3, но како во многу наврати во последно време, успеа да се прибере и го заигра најдобриот тенис во продолжение.
Калин одговори убедливо со 6:1 во вториот сет и израмни на 1:1, а потоа во одлучувачкиот сет беше исто така подобар и славеше со 6:4.
Ивановски во овој момент не знае кој ќе му биде ривал во четвртфиналето, но има големи шанси тоа да биде Тристан Ламазин, што значи дека ќе има шанса за реванш против играчот од кој испадна во Кретеј. Ламазин е шести фаворит на овој турнир и денеска се очекува да победи против Николас Темпахк.
Comments