Ивановски со нов најдобар пласман во кариерата, Ѓоковиќ се поблиску до испишување на историја
Најталентираниот македонски тенисер, Калин Ивановски продолжува да напредува на АТП листата каде денеска дојде до најновиот пласман во досегашната кариера.
Скопјанецот постојано оди напред и сега веќе е во најдобрите 500 на светот или поточно со новиот скок од 10 позиции тој го зазема 494 место на најновото рангирање и тоа со вкупно 76 поени.
Втор македонски рекет во овој момент е Обрад Марковски кој е рангиран на 1112 место по што следуваат Горазд Србљак, Берк Бугариќ, Томислав Јотовски и Стефан Мицов.
Кога е во прашање елитата, број еден е Новак Ѓоковиќ за кого ова е 376 недела на врвот со што е на чекор од рекордот на Штефи Граф која своевремено беше најдобра 377 седмици што значи дека за кратко време Србинот ќе испише нова историја.
Зад него во првата петка се уште Карлос Алкараз, Стефанос Циципас, Каспер Руд и Андреј Рубљов.
Comments