top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ивановски со најдобар ранг – 306-ти

Најдобриот македонски тенисер во моментов Калин Ивановски оствари голем напредок од 30 места на најновата АТП-листа. Моментално тој е на 306-то место, со реална можност во периодот што следува да влезе и меѓу првите 300.

Напредокот е резултат на освоениот фјучeрс-турнир во Крамсах одржан минатата недела. Неделава, пак, тој настапува на турнирот Челинџер 100 во Бања Лука.

Преостанатите Македонци го имаат следниот пласман: Србљак е на 1.130-то место, односно пад за две позиции, додека Обрад Марковски е на 1.220-то место, односно скок за пет позиции.

На врвот на АТП-листата и понатаму е Шпанецот Карлос Алкараз (9.22 поени), пред Србинот Новак Ѓоковиќ (8795), трет е Русинот Данил Медведев (6.360), а во топ 10 се уште Гркот Стефанос Циципас, Данецот Холгер Руне, Норвежанецот Каспер Руд, Русинот Андреј Рубљов, Италијанецот Јаник Синер и Американците Тејлор Фриц и Франсес Тиафо.

На женската ВТА-листа води Ига Швјонтек од Полска со 9.490 поени, додека најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа пад за три места и сега е на 255-то место, со 283 бода. Г.И.


7 views

Comments


bottom of page