top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ивановски со блескава партија до четвртфинале на турнирот во Грција

Македонскиот тениски ас, Калин Ивановски обезбеди место меѓу осумте најдобри на ИТФ фјучерсот во Ираклион (Грција) што се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 долари.

Ивановски за ривал во осминафиналната рунда го имаше Марлон Ванкан од Германија, противник на кого му одржа лекција за нешто повеќе од еден час игра. Македонецот славеше со 6-3 и 6-1 и на тој начин закажа пресметка со 18-годишниот Јакуб Ницод од Чешка кој во моментов е на 1714 место на АТП листата.

Ова значи дека Калин ќе влезе како фаворит во мечот, односно има голема шанса да го гледаме во самата завршница на турнирот во Грција.


1 view

Comments


bottom of page