top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ивановски „скокна“ 50 места и дојде до најдобриот ранкинг во кариерата

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски продолжува да напредува на АТП листата и со тоа да си овозможува подобри можности за настап на поквалитетни турнири преку кои во иднина би можел да дојде до поголем успех во кариерата.

Нашиот рекет забележа скок од дури 50 позициии на најновата листа, а тоа му го донесе најдобриот ранкинг во досегашното тениско патување. Калин со вкупно 131 поен е на 362 место со што е далеку најдобро пласиран македонски рекет со оглед на тоа што Обрад Марковски е 1154, Горазд Србљак 1157, додека Берк Бугариќ ја држи 1720 позиција.

Во двојки Калин се „лизна“ (едно место) и сега е 566, на листата од нашите играчи се уште Марковски, Бугариќ, Србљак и Мицов.

Кога се работи за елитата нема промени, Ѓоковиќ е водечки ас пред Алкараз, Медведев, Руд, Циципас, Руне, Рубљов, Фриц, Синер и Тиафо кој по славјето во Штутгарт дојде до највисокиот ранкинг во кариерата (десетто место).


1 view

Comments


bottom of page