top of page

Ивановски скокна 39. позиции и дојде до најдобриот пласман во кариерата

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски го има најдобриот резултат во својата досегашна кариера на АТП ранг листата.

19-годишниот Ивановски во изминатиов период имаше забележителни настапи на Челинџер турнирот во Јаши (Романија), настапи кои му донесоа поени и сега со вкупно 155 е на 331 место на светот.

Тој има напредок од дури 39 позиции со што го има најдобриот пласман на ранкингот на Асоцијацијата на тениски професионалци. Кога се во прашање Македонците, Горазд Срљак има „лизгање“ од 39 места (1132), додека Обрад Марковски не мрдна ни горе, ни доле (1227).

Во двојки Калин е 592, Марковски 1002, Берк Бугариќ го зазема 1299 место, додека најслабо рангиран е Србљак на 1668 позиција.

Број еден понатаму е Алкарас пред Ѓоковиќ, Медведев, Руд, Циципас, Руне, Рубљов, Синер и Американците Фриц и Тијафо кои ја комплетираат најквалитетната светска десетка.


 
 
 

Comments


bottom of page