Search
Ивановски се „лизна“ на АТП листата
Македонскиот тенисер, Калин Ивановски доживеа пад од 21 место на најновата АТП ранг листа.
19-годишниот Ивановски со вкупно 163 освоени поени е 326 рекет на светот, но тој и понатаму е најдобар наш тенисер со оглед на тоа што Горазд Србљак е на 1050.то место (скок од 12 позиции), а Обрад Марковски е на 1.472. позиција (напредок од пет позиции).
Во двојки пак Ивановски е 645, Марковски го зазема 1468.то место (скок за девет позиции), Берк Бугариќ со 16 поени се наоѓа на 1352.то место (скок седум места), додека Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2105 позиција ( напредок од 15 места).
Кога се работи за најквалитетната десетка, Ѓоковиќ го „води орото“ или поточно зад него се Алкарас, Медведев. Синер, Рубљов, Циципас, Руд, Зверев, Фриц и Руне.
Comments