top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ивановски рекордерски на 3.000 метри

22.06.2021 Juni Vtornik

АТЛЕТИКА

Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд на 3.000 метри на екипното Европско првенство (ЕП) во атлетика, Трета лига, што се одржа во Лимасол, на Кипар. Ивановски ја истрча делницата за 8:06,66 минути, го освои третото место и за повеќе од три секунди го подобри своето најдобро време (8:09,87 минути) забележано пред дваесетина дена на ЕП за мали земји, во Сан Марино. Сезонава Ивановски, кој е член на атлетскиот клуб Делта од Скопје, постави дури шест нови национални рекорди, од кои четири во минатите триесетина дена, на 1.500, на 3.000 и на 10.000 метри, што доволно зборува за одличната олимписка година. Претходно, на ЕП во Лимасол, нов рекорд на Македонија, во дисциплината 400 метри со пречки, постави Дрита Ислами (57,53 секунди).


4 views

Comments


bottom of page