top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ивановски постави нов македонски рекорд во полумаратонска трка

10.06.2024 Juni Ponedelnik

АТЛЕТИКА – НА ЕП 2024 ВО РИМ

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки Дарио Ивановски, на вчерашната полумаратонска трка во рамките на Европското првенство (ЕП), кое до среда се одржува во Рим (Италија), постави нов македонски рекорд со време од 1:04,01 час, што беше доволно за 29-то место, во конкуренција на 64 натпреварувачи (57 поминаа низ целта).Досегашниот рекорд, кој, исто така, беше во негова сопственост, изнесуваше 1:04,45 час, односно Ивановски на ЕП 2024 ја истрча таа делница побрзо за 44 секунди. Златото му припадна на домашниот атлетичар Јеманеберхан Крипа (1:1,03), освојувач на златен медал на 10.000 метри на ЕП во Минхен во 2022 година, втор е неговиот сонародник Пјетро Рива, а трет е Германецот Аманал Петрос.Вториот македонски атлетичар на ЕП 2024, Андреас Трајковски, еден ден претходно не успеа да се пласира во финалето во дисциплината скок во далечина. Трајковски, кој наедно беше и првиот натпреварувач во историјата на македонската атлетика што се натпреварува во оваа атлетска дисциплина на едно ЕП, во третата серија, која му беше и најдолга, прескокна 7,73 метри со што го освои 22-то место од вкупно 28 атлетичари што се натпреваруваа во квалификациите. За пласман во финалната серија му беше потребен скок над 7,95 метри. Трајковски е на 25-то место на ранг-листата во скок во далечина и тој пласман му обезбеди директен настап на ова ЕП. Најдолг скок во квалификациите, 8,41 метри, забележа Швајцарецот Симон Еинамер. Финалните скокови требаше да се одржат вчера. Г.И.


1 view

Comentários


bottom of page