Search
Ивановски победнички го отвори новиот турнир во Франција
Македонскиот тенисер, Калин Ивановски продолжува со своите настапи на ИТФ фјучерсите во Франција со тоа што оваа недела е дел од турнир од повисока категорија,ниво, турнир кој се игра на тврда подлога за награден фонд од 25.000 долари.
Ивановски настапува на Тулуз-Балма каде во првото коло во поединечна конкуренција го реши домашниот рекет Пол Иншаусп со 2-0 во сетови. Македонецот беше фуриозен во првиот сет (6-2), додека во вториот противникот даде посилен отпор со тоа што исходот одново беше во полза на нашиот ас (6-4).
Пласман во четвртфиналето ќе бара преку Британецот, Хари Венделкен кој е 614 на АТП листата.
Comments