top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ивановски немаше решение за ветеранот Шеткиќ

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски не успеа да обезбеди место во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Дубровник, Хрватска. Ивановски како петти носител важеше за фаворит против 35-годишниот Алдин Шеткиќ, но ветеранот од Босна и Херцеговина покажа многу повеќе на теренот број еден и за околу два часа игра славеше со 2-0 во сетови. Ова беше дуел во кој видовме само два брејка и тоа од страна на Шеткиќ (два од два) кој максимално ги искористи своите шанси за разлика од Калин кој имаше нула од три. На крајот Алдин со 7-6 и 6-2 дојде до дуел со Гима од Романија. На нашиот најдобар рекет сега му останува настапот во двојки каде за партнер го има Лука Микрут, а ривали им се Марко Баничевиќ и Кристијан Тумбас Кајго.


1 view

Comments


bottom of page