Search
Ивановски не ја мина втората пречка во Тулуз
- Aleksandar Santovski
- Mar 23, 2023
- 1 min read
Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на турнирот во Тулуз со пораз во второто коло.
Ивановски не успеа да ја помине втората пречка, а тоа беше послабо рангираниот британски тенисер Хари Венделкен.
Венделкен бил убедлив во првиот сет, кој го добил со 6:1, по што Ивановски успеа да го подигне нивото и да го одведе вториот сет во драматичен финиш.
Истиот беше решаван со тај-брејк, а Венделкен сепак бил поуспешен со резултат 7:4 за конечни 2:0 во сетови.
Со тоа, Македонецот го заврши настапот на турнирот со награден фонд од 25.000 долари и тоа во осминафиналето.

Comments