Search
Ивановски не го изненади првиот носител во Монастир
- Aleksandar Santovski
- Sep 21, 2022
- 1 min read
Македонскиот тенисер, Калин Ивановски не успеа да го изненади првиот носител Скандер Мансоури на фјучерсот што се игра во Монастир, Тунис.
Домашниот рекет кој е 256 на АТП листата и далеку поискусен од Калин (763) славеше со 2-0 во сетови по скоро еден ипол час игра на теренот број еден. Тунижанецот го доби првиот сет со 6-4, додека во вториот за нијанса беше поубедлив и со 6-3 обезбеди место во осминафиналето.
Овој турнир се игра за вредност од 15.000 долари.

Comments