Search
Ивановски напредуваше две позиции на најновата АТП листа
Македонскиот тенисер, Калин Ивановски забележа скок од две позиции на најновата АТП листа.
Ивановски има 92 бодови зад своето име, а тоа му го носи 459 место на рангирањето во поединечна конкуренција. Ова за Калин не е најдобар пласман затоа што во текот на оваа календарска година беше и 457 светски рекет.
Кога се работи за останатите македонски рекети, Обрад Марковски е следен на листата на 1127 позиција, Горазд Србљак имаше најголем напредок (46 места) и сега е 1132 по што следуваат Берг Бугариќ, Томислав Јотовски и Стефан Мицов.
На самиот врв останува пак Новак Ѓоковиќ пред Карлос Алкараз, Данил Медведев, Каспер Руд и Стефанос Циципас кој ја заокружува првата петка на „табелата“.
Comments