top of page
Search

Ивановски имаше успешен старт на турнирот во Мадрид

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски имаше успешен старт на новиот фјучерс што се игра во Мадрид.

Ивановски ја има улогата на петти носител, а како таков денеска се соочи со Марат Шарипов од Русија. Оваа средба се играше на теренот број пет, траеше еден ипол час во кој Калин иако имаше проблеми се избори за триумф од 2-0 во сетови со 6-4 и 7-5.

Вториот наш тенисер Обрад Марковски пак доживеа пораз од Германецот Лука Виденман со 2-0 во сетови со 7-6 и 7-5.

Овој турнир се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.


0 views
bottom of page