Ивановски и Ѓорческа се „лизнаа“ на најновиот АТП и ВТА ранкинг
Најдобрите македонски тениски асови, Калин Ивановски и Лина Ѓорческа доживеаа пад на најновите листи кои беа објавени од АТП и ВТА.
Ивановски се лизна 4 позиции во сингл (335 место) и 19 места во дубл конкуренцијата (611 место). Горазд Србљак и Обрад Марковски имаа скок од пет места и сега се 1127, односно 1222 рекети на светот.
Кога се работи за двојки, Обрад е 1002, Горазд 1670, додека Берк Бугариќ го зазема 1309 место со 16 поени.
На тронот останува Алкарас пред Ѓоковиќ, Медведев, Руд и Циципас.
Кај дамите пак,Ѓорческа отиде назад 28 чекори и со 283 бодови е 252 на светот. Во истата конкуренција Магдалена Стоилковска е 1365 на планетава, а пак во двојки Лина е 364 и Александра Симева 1419 на ВТА листата.
Швјонтен продолжува да го држи врвот пред Сабаленка и Рибакина.
Comments