top of page

Ивановски и Шевченко во еден глас: Градиме тим за успех, тие што ќе играат за репрезентацијата… Тенис

18.06.2026 Juni cetvrtok

Македонската тениска репрезентација успеа во Кишињев да избори пласман во Втората Светска група од Дејвис купот.

Во првата фаза загубивме од домаќинот Молдавија со 2-1, но ги добивме Косово и Грузија за да во клучното соочување славиме над Црна Гора.

-Успеавме да се вратиме во Втората Светска група, тоа и ни беше целта на настапот во Молдавија, кој може да го оценам како успешен. Главна цел ни е создавање на тим од искуство и младост и уште поважно е да има хемија во тимот за да постигнуваме резултати. Се надевам дека подолго ќе останеме во Втората Светска група и да ја исполниме целта да влеземе во Првата Светска група. Ќе напомнам дека бевме во силна група, а црногорците беа разочарани по поразот во саботата, -порача првиот човек на нашата тениска федерација Александар Ивановски.

Тој говореше и за настапот на играчите.

-Калин Ивановски сметам дека се надмина себе си, пред сè по повредите и операцијата. Добро е што успеа да се врати и да биде во формата од 2023 година. Тој настапи и лани за репрезентацијата, но играше повреден. Оваа година ги доби сите сингл мечеви. За Олег Приходко можам да кажам дека даде максимум, тоа е играч, кој е околу 300-то место на АТП листата со титула од Челинџер турнир. Имаше голема желба да се докаже, а имаше и малер во првиот меч против Албот од Молдавија водеше со 1-0 во сетови и предност од 3-1 во гемови во вториот сет. Тогаш почна на чувствува грчеви, иако дотогаш покажа перфектна игра, изјави Ивановски.

Свој збор имаше и селекторот Горан Шевченко.

-Се вратив на оваа позиција во 2023 година, да помогнам на нашите играчи, кои го бараа тоа од мене. Во Молдавија вторпат по ред успеваме да направиме „промоција“ односно да се избориме за Втората Светска група. Од 2023 година имам проблем како селектор да ги соберам играчите, дел ги игнорираат пораките или имаше случаи кога тие што биле одбрани едноставно не вложувале квалитет на теренот, како да не е меч за државата, за нашето знаме. Воедно ќе потенцирам дека градиме тим за успех и тие што настапуваат за репрезентацијата треба да бидат пример за сите помлади, а ако се трудиме успехот ќе дојде. Што се однесува за мечевите во Молдавија можам да кажам дека дублот Калин и Олег го одиграа навистина „македонски“ и тоа ни ја донесе победата, -истакна Шевченко.


 
 
 

Comments


bottom of page