Search
Ивановски го предаде мечот со Делаведова во Тунис
Македонскиот тенисер, Калин Ивановски нема да го гледаме во самата завршница на ИТФ фјучерсот што се игра во Монастар (Тунис) на тврда подлога.
Ивановски во четвртфиналната рунда се соочи со Метју Делаведова од Австралија, но по само три одиграни гејма и водство на петтиот носите од 3-0 тој одлучи да го предаде мечот.
Калин беше доста активен изминатиов период, го освои претходниот турнир на ова место, а неделава освен во сингл настапуваше и во двојки, а тоа по се изгледа си зема данок и Македонецот не можеше да се бори за место во полуфиналето на фјучерсот вреден 15.000 долари.
Comments